Нема повредени и ситуацијата е ставена под контрола по вооружениот грабеж на филијала на банката во Визбегово, соопштија од „Халкбанк АД Скопје“.
Претходно од МВР потврдија дека во СВР Скопје денеска околу 13 часот било пријавено дека во банка на улица „Јадранска магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума пари.
Имено, пет вооружените маскирани лица влегле во банката и им се заканиле на вработените, потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.
Инаку, „Халкбанк“ ги извести сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.