Деновиве турските медиуми пишуваат за наводниот развод на Бурак Озџивит, познат на домашната јавност по улогата на Бали Бег во серијата Сулејман Величествениот, и неговата сопруга Фахрије Евџен.
Имено, актерката паднала во депресија по смртта на нејзиниот татко, кој долго време се борел со рак на желудник.
Познатиот „Бали-бег“ сакал да ѝ помогне и се грижел за синот, но таа не го послушала предлогот на нејзиниот сопруг да посети психолог. Меѓутоа, најголемиот проблем на најубавиот пар во Турција, како што често ги нарекуваат, е воспитувањето на нивниот син.
Како што тврди близок извор на парот, двајцата немаат ист став за одгледување на детето, поради што многу често се во конфликт.
Упатените тврдат дека Бурак е при крајот со трпението, иако тој ја сака својата сопруга повеќе нема сила да се бори против нејзиното лошо расположение.
Сепак, Фахрије е подготвена да стори сè за да го задржи сопругот, па одлучи да направи пауза со враќањето на сцената.