Полицијата од Дорсет потврди дека е идентификувано телото кое беше извлечено од урнатиот авионот, се работи за фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала.
Властите наскоро телото на Емилијано Сала ќе го предадат на семејството за тие што е можно поскоро да организираат погреб.
Инаку, во средата беше пронајдено тело, но не беа откриени детали, но вечерва стигна официјалната потврда. Потрагата дефинитивно се затвора, иако не е пронајдено телото на пилотот на приватниот авион. Несреќниот Сала со приватен авион замина за Кардиф, но авионот исчезна и пронајден е дури десетина дена подоцна, за жал без преживеани патници.