Сувенирите од венчавката на војводат и војвотката од Сасекс Хари и Меган Маркл повеќе не се достапни на службената страница за онлајн купување на кралските сувенири.
Сувенирите кои бе објавени пред венчавката во 2018 година, вклучуваа шолја за кафе, шешир и прибор за јадење. Некои парчиња, до скоро време, се уште беа достапни. Луѓето задолжени за кралската колекција наведуваат дека сувенирите едноставно се преместени меѓу оние кои повеќе не се достапни.
– Многу колекции од порцелан се изработуваат за колекционери за да се прослават одредени прилики и се распродаваат по одредено време. Колекцијата издадена за прославата на венчавката на војводата и војвотката од Сасекс е распродадена – рекла портпаролката.
Сепак, многу сувенири направени за прославата на венчавката на принцезата Јуџин, исто така се распродадени, но се уште постојат на страницата. Порцеланската колекција направена во 2015 година, по повод тоа што кралицата стана владетел кој е најдолго време на тронот исто така е се уште достапна.
До овие промени дојде откако Хари и Меган одлучија да отстапат од кралското семејство и избраа финансиска независност. Парот повеќе не смее да ги користи своите титули.