Иако со години се зборува за природната убавина на атрактивната италијанска актерка Моника Белучи (58) се чини дека во пресрет на седмата деценија таа реши да ја замаскира реалноста.
Во нејзината последна објава на социјалните мрежи, актерката е во нешто поразлично издание.
На фотографијата со која на бројните следбеници им ги честита новогодишните празници, Моника Белучи нема ниту една брчка и изгледа речиси како кукла. Оваа промена не остана незабележана кај нејзините обожаватели.
-Изгледаш совршено, ова не ти требаше…
– Изгледа како на фотографијата да има користено премногу фотошоп-
– Дали таа сепак го затегна лицето? – се само некои од коментарите за објавената фотографија.
Инаку, Моника честопати говореше дека е противник на естетските операции.
– Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква е мојата природа. Сакам природно да стареам. Кога ќе наполните 50 години, секако дека ги немате истите потреби како кога имате 20. Годините ни даваат поинаква перспектива – изјави таа своевремено за медиумите.
По овој повод, убавата италијанска актерка не се огласи, а нејзините обожаватели се надеваат дека таа само претерала со филтрите за обработка на фотографии и дека не направила никаква корекција.