Министерката за финансии, Нина Ангеловска и гувернерката на Народна банка, Анита Бежовска вчера беа на трибините во салата во Виена за да ги бодрат македонските ракометари на натпреварот со Австрија .На навивачкиот тим му се придружил и првиот човек на австриската Шпаркасе банка, Глигор Бишев, како и дел од тимовите на Министерството за финасии и Народната банка.
Првата финансиерка објави и фотографија на Фејсбук.
„Нема лесен пораз, особено кога притисокот и очекувањата се на високо ниво. Респект за играта и заслужената победа на противникот.
Што е следно е јасно. Многу повеќе работа и труд! Ми беше чест да ги бодриме нашите великани. Во победа и во пораз секогаш тука за вас“, напиша Ангеловска на Фејсбук.
Инаку, Нина Ангеловска и Анита Бежовска во Виена учествуваа на една од најголемите годишни конференции во Централна и Источна Европа од областа на финансиите. Станува збор за Форумот на „Еуромани“, кој по 25-ти пат се одржува во главниот град на Австрија.