„Се игнорираат симптомите, и ковид и грип се со исти симптоми, не можат сами пациентите да разграничат. Плазмата од заболени се дава кај пациенти кои се во почетна фаза на болеста, лекот “ремдесивир“ не делува кај сите пациенти. Во потешки стадиуми, овој лек нема такви резултати. Нема лек за овој вирус. Најважен е имуниот одговор“ изјави доктор – пулмолог, Дејан Докиќ во Студио 10 на ТВ24 и додаде:
„Сметам дека јавноста не треба да се плаши дека нема да има место за сите. Има запирање на оној рапиден галоп, како што беше во минатите 2-3 недели, во наредните две недели ќе се намалува притисокот на болните кои бараат легла. Слободно јавноста нека се јави на доктор, со позитивни тестови на приватни клиники ќе ги замолам да одат во ковид клиниките, да не се мешаат со обичните пациенти. Не може самоиницијативно да се шетаат со оние пациенти што се во чекалната“.