Директорот на Австралија опен, Крег Тајли изјави дека обезбедувањето ќе ги избрка од трибините гледачите кои ќе го „закачат“ и провоцираат Новак Ѓоковиќ.
Минатата година Србинот беше депортиран од Австралија поради проблеми со визата поврзани со одбивањето да се вакцинира против коронавирус.
– Ако им пречат на другите да уживаат во натпреварот, ќе бидат отстранети од трибините. Не сакаме такви гледачи. Тие можат да се држат настрана или ние ќе ги избркаме, додаде Тајли.
Инаку, Новак Ѓоковиќ, кој е четврти носител, ќе го отвори турнирот против Шпанецот Роберто Карбаљес Баена.
Во втората рунда за противник ќе го има Уго Делијен или квалификант, додека во третата рунда го очекува и првиот носител во Григор Димитров кој почнува против Аслан Карацев.
Во осминафиналето силите ќе си ги одмери со Алекс де Минор или Пабло Каренјо Буста, додека за четвртфиналето ги избегна Медведев, Оже-Алијасим и Фрик, а ќе се сретне со Рубљов, Кирјос или Холгер. Со Рафаел Надал или Данил Медведев можен е дуел само во финалето.
Турнирот започнува в понеделник, а титулата ја брани Рафаел Надал, кој лани во финалето го победи Данил Медведев со 3:2 во сетови.