Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 539, Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10, од Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 8, од Ресен и Делчево – по 7 лица, Берово – 6, Демир Капија – 5, по 4 лица од Свети Николе, Радовиш и Пехчево, од Демир Хисар и Виница – по 3, Кратово – 2, од Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 543 оздравени пациенти од:
Скопје – 240, Охрид – 52, Прилеп – 38, Тетово – 27, Велес, Гевгелија и Струга – по 24, Куманово – 17, Струмица и Битола – по 14, Гостивар – 12, Кочани – 8, Крива Паланка, Пробиштип и Дебар – по 5, Кичево, Крушево и Делчево – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, од Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци – по 2, од Неготино, Валандово и Радовиш по 1 лице.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови