Нов сој на коронавирус – C.1.2 е пронајден во Јужна Африка и неколку други земји, а научниците стравуваат дека може да биде повеќе заразeн од другите и отпорeн на вакцини, според новата студија на Јужноафриканскиот институт за инфективни болести.
Научниците првпат го забележаа овој нов сој во мај оваа година и заклучија дека тој е „наследник“ на сојот C.1, што е невообичаено бидејќи последен пат C.1 беше откриен во јануари оваа година.
Новиот вид, како што истакнаа, „значително мутираше“ во споредба со C.1. Според нив, овој вид на коронавирус напредува во мутација во однос на оригиналниот вирус откриен во Вухан. Првичните истражувања покажуваат дека тој е повеќе вирулентен од кој било претходно откриен вид.
Студијата откри значително зголемување на бројот на геноми C.1.2 во Јужна Африка на месечно ниво, што се зголеми од 0,2 проценти од геномот во мај на 1,6 проценти во јуни, а потоа на 2 проценти во јули, слично на зголемувањето со постоечки соеви на бета и делта.Научниците додаваат дека се потребни подетални анализи за да се разбере точното влијание на мутациите и да се утврди дали новиот вид има „конкурентска предност“ во однос на видот на делта.