Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19. Починати се 21 лице, а оздравени се 397 пациенти, информира Министерството за здравство.
Од новозаболените во Скопје се 453, Прилеп 65, Велес 56, Неготино 44, Кавадарци 41, Штип 30, Тетово 29, Куманово 26, Струмица 22, Гостивар и Битола по 21, Охрид 19, Гевгелија 18, Кочани 17, Струга 12, Крива Паланка и Крушево по 9, Ресен 7, Берово и Кратово по 6, Делчево и Демир Капија по 5, Дебар, Радовиш и Богданци по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево по 2.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје 175, Прилеп 41, Кавадарци 34, Куманово 20, Велес 16, Неготино 15, Битола и Крива Паланка по 14, Тетово 11, Гевгелија 8, Ресен, Пробиштип и Богданци по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово по 4, Кичево и Крушево по 3, Берово и Валандово по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија по 1.
Пријавени се вкупно 21 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 пациенти од Берово ( 59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.