“Нема здравје без економија – ние мора да воспоставиме добра рамнотежа помеѓу здравјето и она што го бара економијата, а тоа е проток на добра и луѓе на одредено ниво на одржливост. Постои можност да кажеме во одреден момент: „Па, сега ќе ги примениме сите мерки за зачувување на нашиот внатрешен стабилен систем“, рече српскиот епидемиолог д-р Бранислав Тиодоровиќ за српска „Нова“.
„Во Италија, поголем број на новозаразени со коронавирус се резултат на повеќе тестови, а ситуацијата е подобра отколку во март и април. Истото важи и за Србија“, рече д-р Тиодоровиќ.
Инаку, претходно посочил дека ги очекува зголемување на бројот на заразени лица и дека мора добро да се подготват.
„Ноември ќе биде уште потежок за нас. Најважно сега е да нема паника, да нема дилема дали сме подготвени. Треба да бидеме концентрирани, смирени, внимателни, организирани и да и се спротивставиме на оваа болест на соодветен начин“, рече Тиодоровиќ.