Ниту една жена не треба да искуси насилство на своја кожа, а особено не од човекот кој го сака.
Нада Грујичиќ од Србија собра храброст и јавно ги покажа модринките од насилството од дечкото со кого живеела. Таа го напушти пред една година и сега бара правда.
Сè започнало како убава врска, но продолжила со психичко малтретирање и одвојување од пријателите и семејството, за да заврши со физичко насилство.
Со манипулација, партнерот ја натерал да верува дека нема никој друг близок освен него. Дека тој е сè што има. Токму поради тоа, Нада не собрала сили да си замине по првиот удар.
Следувале уште многу моменти на физичко малтретирање, а клучниот момент за крај на нивниот однос бил кога насилникот ѝ скршил три ребра.
Додека го молела да ја одведе во болница, тој ја ставил во автомобилот и ја исфрлил на патот до селото во комплетен мрак.
Долго размислував дали за правда е потребно јавно да ја објавувам својата интима и траумата. Дојдов до ситуација тоа да е единствениот начин. Го направив тоа.
Добив многу пораки од девојки и жени кои минуваат или минале низ истото и ми дадоа ветер во грб да станам уште погласна додека насилникот не биде осуден.
Пресуден ми беше моментот кога ми се јавија неговите бивши девојки да ме поддржат. Ви благодарам за тоа. На следните фотографии ќе прикажам еден мал дел од тоа како изгледаше и како се заврши.
Нема да се смирам. Во јавност немав излезено една година, но отсега нема да престанам додека правдата не биде задоволена.