Нема прекин на наставата поради грипот. Комисијата за заразни болести не препорача вонреден распуст за учениците заради ширењето на вирусот меѓу школската популација.
Засега нема нови мерки. Во меѓувреме расте бројот на заболени. Минатата недела регистрирани над 5.600 случаи, најмногу за една седмица, а најголем дел се ученици.
Иако училиштата се испразнети ниту во образование, ниту во здравство немаат податоци колку деца отсуствувале од настава.
-Ние ја следиме состојбата, изјави министерот за образование Арбер Адеми
-Ние не сме добиле податоци од образовните институции, изјави за Сител, Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ.
Епидемиолозите сметаат дека е потребно да се исполнат неколку услови за да се донесат мерки за спречување на ширење на грипот во училиштата.
-Сметам дека не е задоцнето, сезона на грип е и нормално е да имаме зголемен број случаи, додаде Кузмановска, епидеми