Како што пренесуваат медиумите, Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во петок, во Алејата на заслужните граѓани во Белград. Иако Шабан е роден како муслиман, нема да се применат муслиманските обреди при погребување, ниту ниедни други.
Како што пишуваат медиумите, ќе се изврши само граѓански погреб, без свештени лица.
“ Шабан е роден во муслиманско семејство, воспитан и во тој дух, но нема да биде со муслимански обреди погребан. Шабан израсна во СФРЈ и покрај своето потекло никогаш верски се немаше дефинирано. Според муслиманските обреди не ни влезе во таа вера, да не детализираме, се знае за што станува збор“, изјавил за ало.рс извор близок до семејството Шаулиќ.