Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил одлучил да се жени и нормално потребен му е кум. Турчинот од Германија за кум го поканил никој друт туку турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган. Оваа вест ја пренесе реномираниот германски „Билд“.
Чем Оздемир, германски политичар не го спори правото на Месут Озил да избере кум по сопствена желба, но потенцираше дека како познат спортист и голем фудбалер тој треба да биде пример за младите.
„Секако Озил има право по сопствена желба да си избере кум и тоа е негов приватен избор во кој не може никој да се меша. Но, ако промовира луѓе кои се богатат на сметка на својата земја и неправдно испраќаат неистомисленици зад рештеки во земја во која луѓето исчезнуваат, мислам дека тоа не доликува на фудбалер и спортист кој треба да биде пример за младите“, објаснува Оздемир.
Инаку, Озил и девојката Амина во петокот се сретнаа со турскиот претседател и лично му доставија покана за свадбата.