Нема веќе разголени фустани на црвенито тепих- Фестивалот во Кан со строги правила

by Тони Зографски

Пред самото отворање на Филмскиот фестивал во Кан, организаторите одлучија да ги заострат правилата поврзани со облекувањето на црвениот тепих, пишува Дејли Меил.
Фестивалот започнува овој петок, а новите правила значат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.

Сакаат да обезбедат поголема „пристојност“

Во изминатите години, некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените „голи“ фустани. За да се обезбеди поголема „пристојност“, организаторите одлучија да ги забранат ваквите комбинации на облека оваа година. „Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области каде што се одржува фестивалот“, се вели во официјалната одлука, која ја пренесуваат странските медиуми. Исто така, беше истакнато дека пристапот до фестивалот ќе биде одбиен на секој што не ги почитува наведените правила.

Сè уште не е познато дали телевизиските компании, кои го емитуваа настанот, имале влијание врз оваа одлука.

За потсетување, 78-то издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com