Хрватската пејачка Јелена Розга (45) е препознатлива по елегантниот и одмерен стил на облекување на кој е доследна уште од почетокот на својата кариера.
Така беше и овој пат на доделувањето на престижните медиумски награди „Вечерњакова ружа“ кога пристигнувањето на Јелена Розга беше особено забележано.
Таа се појави во екстравагантен црн фустан што досегаше до подот. Горниот дел беше со ролка и долги ракави, а во пределот на струкот беше целосно отворен и прицврстен за долниот дел од фустанот. Отворот на грбот беше длабок до задникот. Целиот фустан беше со црна мониста, што го правеше уште поекстравагантен. Чевлите воопшто не се гледаа бидејќи фустанот ги покриваше, а Јелена се појави без дополнителни додатоци или накит за да не го расипе впечатокот на фустанот. Како и секогаш, пејачката беше дискретно нашминката, а косата ѝ беше средена со препознатливи ретро бранови.
Нејзината објава на Инстаграм за само еден ден доби 13.100 „лајкови“ и стотици коментари. Меѓу првите нејзината колешка Нина Бадриќ воодушевено прокоментирала:
-Совршен фустан, позајми ми го Јелена!