Медицинска сестра од болницата Елмхрст во Њујорк опиша колку бргу се влошува состојбата на пациентите заразени од коронавирус.
–Страшно е. Иако пациентот изгледа стабилно, од коронавирусот за неколку секунди доаѓа до десатуризација и за неколку секунди го губиме – изјави таа за Си-Ен-Ен.
Десатуризација се однесува на нивото на кислород кај пациентот кој значително опаѓа, па во тој случај доаѓа до фаталени исход.
-Иако го реанимирате, тој не можат да диши и не поминува ни една минута, додека се “освестите“ дека сте го изгубиле пациентот, некој ќе дојде и ќе го однесе респираторот кај пациентот кој критично.
Токму гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо на прес конференција информираше за стресот низ кој минуваат вработените во болницата.
Минатата недела, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио рече дека болницата Елмхрст го трпи најсилниот удар и дека многу од болничкиот персонал е упатен таму да работи.