Коронавирусот потполно ја уништи на финансиски план српската пејачка Ивана Петерс. Таа освен пеењето нема друг извор на егзистенција.
„Тоа е единствен приход кој го имам во животот. Ништо друго не работам. Само сум пејачка. Се хранам себе и своето дете и членовите на семејството на кои им е потребана мојата помош. Ми недостига работата бидејќи тоа е моја љубов. Потполно се изгубив себе и не знам што ќе правам ако не најдам некој начин да заработам“ вели Ивана и додава дека во најголем проблем се оние кои не се големи ѕвезди.
Се’ ова што се случува најмногу влијае на музичарите кои не се големи ѕвезди и кои немаат кариера од 50 години како што се Здравко Чолиќ, Лепа Брена. Јас навистина не успеав да заработам како нив“ вели пејачката.
Таа додава дека не се точни гласинините дека заработува илјада и илјада евра.
„Тоа не е точно. Не заработуваат сите толку. Тоа мора да се разбере. Немаат сите исти приходи“.
Поп пејачката вели дека многу си ја сака работата и дека може да држи бесплатни концерти, но сега не може бидејќи нема приходи.
„Ние дури го откажавме концертот „Негатива“ кој требаше да биде на отворено, го поместивме за септември затоа што чувствуваме потреба да ја разбудиме свеста луѓето да се грижат за себе и своите луѓе. Не сакам некој да се појави без маска и да зарази друг. Јас може да пејам џабе, но јас едноставно немам од што да живеам. Тоа е лично мој проблем, моја работа. Луѓето мора да сфатат дека тоа што ние сме на телевизија и сме познати не значи дека одиме некаде преку ред и добиваме работи на убави очи туку исклучиво на нашиот труд“ вели пејачката.