Холивудската глумица Никол Кидман може да се пофали со разни улоги што ги играше, а за некои од тие улоги беа потребни провокативни сексуални сцени. Најзначајната од нив е секако во филмот „Очи широко затворени“ од 1999 година. Актерката во едно неодамнешно интервју изјави дека никогаш не одбила актерска задача.
Австралијката глумеше во споменатата продукција со нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, а режисерот ја замоли да се соблече целосно пред камерата.
– Ми рече „сакам целосна фронтална голотија“, а мојата прва реакција беше „ах, не знам баш“. Но, успеавме да постигнеме договор, постигнавме одличен договор и сè беше регулирано со договорот. Ми покажа сцени кои вклучуваа голотија уште пред да започнеме да ги снимаме – истакна актерката и продолжи: „Така се чувствував целосно безбедно. Бев навистина максимално заштитена и можев самоуверено да ги искажам сите аспекти на улогата што тие ја наменија за мене. Не реков „не“ на ниту една сцена, но сакав да бидам сигурна во тоа што го правам, не сакав да ми се смеат сите на снимањето – изјави Кидман во интервју за „Њујорк тајмс“.