“Љупче Смилев е 23-годишен самохран татко, отсекогаш сакал семејство , не пораснал во семејство со мајка и татко и спиел по улици и домови за деца без родители.
Додека чука срцето на овај млад татко тој ќе се грижи за неговиот син, најголема желба му е да најде вработување, за да има нормален живот и да му обезбеди добро детство на својот син. Тој во емисијата ,,Срце на Дланка” си ја отвори душата. Секоја помош му е добредојдена, доколку сакате да помогнете на било каков начин тоа може да го сторите на 075-304-405“, пишуваат од радио Валандово на нивната страна на Фејсбук.
Инаку, по објавата на неговиот случај на социјалните мрежи, преку Фејсбук групите за мајки, за малиот Андреј е собрана и облека, играчки и храна, собрани се и хигиенски работи, а она што е најважно во целата оваа тажна приказна е веста дека општината обезбедила работа за Љупче Смилев кој има 23 години а неговото детенце сега ќе има можност да се социјализира и дружи со врсниците во градинка.