Џенифер Анистон се разголи и физички и емотивно во новото интервју за Allure.
Актерката позираше за магазинот во минијатурен градник на Шанел и ја покажа својата завидна фигура и порача дека „веќе нема што да се крие“.
Таа се отвори за нејзината желба да стане мајка и призна дека жали што не ја донела одлуката да ги замрзне јајце клетките кога била помлада, откривајќи дека пробала сè за да ја добие битката со неплодноста, вклучително и преку ИВФ и „пиење кинески чаеви“.
Таа, исто така, ги отфрли шпекулациите дека еден од нејзините поранешни сопрузи, Бред Пит или Џастин Теру, се развел од неа затоа што „не сакала да му роди дете“.
„Се обидував да забременам. Тоа беше предизвикувачко патување за мене“, рече таа.
Таа додаде дека сега се помирила со фактот дека никогаш нема да има деца.
„Би дала сè ако некој ми каже: „Замрзнете ги јајце клетките. Направете си услуга“. Еве ме денес, бродот заплови“.
Џенифер, која 10 години глумеше во хит-ситкомот „Пријатели“ од 1994 до 2004 година, призна дека била премногу фокусирана на кариерата за да размислува за смирување и раѓање деца во иднина.
Таа, исто така, навести дека еден ден би можела да напише книга за нејзината долготрајна борба со неплодноста, нешто што го криела од светот со години „од потреба да се заштити себеси“.
“Светот создава приказни кои не се вистинити, за да можам да ја кажам вистината. Чувствувам дека излегувам од хибернација. Немам што да кријам”, рекла таа.