Рис Витерспун открила убави сеќавања од снимањето на филмот „Fear“ од 1996 година, особено секс-сцената со Марк Волберг во тој психолошки трилер.
Денес 47-годишната успешна актерка, продуцентка и Оскаровка, се присетила на сцената на ролеркостер која ја снимила како 19-годишна девојка (Волберг имал 22) во која морала да одглуми дека доживеала оргазам.
„Немав контрола над тоа“, изјавила Витерспун во интервјуто за „Harper’s Bazzar“, додавајќи дека барала дублерка за сцената.
„Во сценариото не беше точно напишано што ќе се случи и затоа мислам дека режисерот сам ја смислил таа сцена, па на сетот ме праша дали сакам да ја снимам. Реков „не“, но…“, се присетила актерката на работата со Џејмс Фоли.
Рис која тогаш била далеку од улогата која и ја дефинирала кариерата, како што е онаа во филмот „Sweet Home Alabama“, изјавила дека искуството од снимањето на филмот „Fear“ било рана лекција за третманот во индустријата на забавата.
„Сигурно не сум трауматизирана поради тоа искуство, но беше формално“, објаснила актерката.
„Тоа ми помогна да сфатам каде е моето место во хиерархијата на снимањата во индустријата. Мислам дека тоа беше една од оние приказни кои ме натераа да посакам да направам некои промени, некој кој ќе раскажува приказни од женска перспектива наместо од машки агол“, рекла актерката.
Подоцна, во 2016 година Витерспун ја основала „Hello Sunshine“, продуцентска куќа која го прави баш тоа – раскажува „женски приказни“, а меѓу нив се и успешни серии како што се „The Morning Show“, „Daisy Jones & the Six“.
Таа е една од најмоќните жени во Холивуд, а „Forbes“ во 2021 година објави дека е актерка со најголема заработка на светот, а годинава се нашла и на листата најбогати жени во Америка со проценета нето-вредност од 440 милиони долари.
Таа во интервјуто проговорила и за разводот од Џим Тот и тоа како тој се разликува од првиот нејзин развод со Рајан Филипе. Тогаш немала контрола над ништо, молчела и слушала што таблоидните медиуми зборуваат за тоа како таа се чувствува и за што размислува.
Сега работите се поразлични иако имало многу шпекулации на кои таа не можела да влијае.
„Сѐ што можев да бидам е да сум искрена, отворена и свесна за сопствената ранливост. Тоа е тешко време за мене, но овојпат имав контрола“, заклучила актерката.