Македонска инфлуенсерка и водителка Миа Костова раскажува за долгогодишната борба со анксиозност и депресија со која се соочува.
Таа зборува за нејзините најтешки периоди од животот и моментите кога овие состојби кај неа биле најизразени, но и што е тоа што нејзе ѝ помогнало и на кои начини се борела.
Инфлуенсерката открива дека анксиозноста ѝ се појавила во средношколските денови кога почнала финансиски да се осамостојува, а првиот паничен напад го доживела на 17 години, тогаш свесноста за оваа состојба била на многу ниско ниво.
Во видеото, кое досега има повеќе од 20.000 прегледи, Миа вели дека паничните напади ѝ се намалиле кога останала бремена со Андрија, кога била фокусирана на преживување и грижа за детето, како да го прерани, тогаш работела три работи, се случувало да нема пари за пелени, да позајми 500 денари до први.
Но пред две години, со почетокот на пандемијата, период кога таа излегува од емотивна агонија која траела шест години, кај неа почнува повторно да се јавува анксиозноста и состојбата на постојан страв. Тој период се чувствувала нелагодно во своето тело, постојано била вознемирена, со црни мисли, со чувство на беспомшност. Целиот тој период таа постојано било во комуникација со психолог.
Пред Нова година западнала во депресија, немала волја да го напуштам креветот.
Депресијата сама по себе бара многу работа и помош од стручни лица, вели Миа.
Тој период имала нарушен сон, некогаш спиела по 25 минути во 48 часа и се поправила 10 килограми иако често слушаме дека луѓето во депресија спијат по 15 часа, слабеат и слично, но оваа состојба влијае различно кај секој, затоа е потребно да се зборува за истата, а најважно од се е да се препознаете себеси вели Миа.