Една од најсиромашните општини во Србија, општината Лебане одлучила да купи две камили иако нема Зоолошка градина.
Советниците на општината усвоиле програма за работа на Туристичката организација Лебане во која меѓу останатото е предвидено да бидат купени две камили.
За „Бета“ еден од советниците неофицијално рекол дека камилите ќе служат за развој на туризмот во археолошкиот локалитет Јустинијана Прима. Идејата е туристите во обиколка на локалитетот да одат со камили.
Инаку, цената на една камила е околу 3.000 евра, за транспорт ќе се плати уште толку, па така градот ќе треба да издвои вкупно 9.000 евра.