Моника Белучи е, без никакво сомневање, една од најубавите жени во светот. Она што и е најголем адут е нејзината природна убавина која не избледува со годините и како што кажала и самата актерка избегнувањето диети. Во едно од интервјуата таа истакнала: „Женственоста е пред се работа на интелектот“. Таа додала дека вистинската женственост „во никој случај не е прашање на форма или големина“.
Моника изјавила дека женственоста лежи во „состојбата на умот и односот со себе“ и дека ако сте сигурни во себе, таа самодоверба се одразува на околината и ве прави харизматични и привлечни во очите на другите.
„Вистинската убавина започнува таму каде што завршува совршенството“ – е уште еден познат цитат на Белучи. Не постои единствен идеал за убавина, секоја автентичност и оригиналност ни дава посебен шарм.
Белучи е љубител на црвениот кармин, па во една прилика рекла: „Да ги нашминкаш усните со јак црвен кармин значи да ја покажеш силата на својата женственост“. Дека годините не се важни и дека енергијата е пресудна потврдила и убавата актерка:
„Многу е трогателно да се потсетиме како баба ми на 80-годишна возраст ги фарбаше усните пред да излезе од дома. И тоа беше смело: таа покажа дека сè уште сака да си угодува и да биде млада. Да се биде женствен е возможно на која било возраст. Тоа се чувствува и на енергетско ниво“.