Познатиот сараевски музичар, писател, актер и режисер го познававме како Неле Карајлиќ, малку заборавивме дека тој, како и другите членови на рок бендот Забрањено пушење, користеше уметничо име! Неле е всушност Ненад Јанковиќ и е роден 1962 година во Сараево. Неговото семејство беше дел од средната класа и потекнува од Кладово, Србија. Неговиот такто Срѓан беше лингвист и професор по ориентални науки на Универзитетот во Сараево.
Како момче, Неле беше многу непослушен и тешко беше да се задржи неговото вниамние подолго време на една работа. После завршувањето на средното училиште, тој започна да студира Ориентализам на Универзитетот, но никогаш не ги заврши студиите поради неговата музика и ТВ кариера.
Неле пристигна во Белград за време на војната со неговата сопруга Сања и нивната ќерка. Првите денови ги поминале таму во стан кој му припаѓал на Рамбо Амадеус. Неле често чекаше во редица пред разни добротворни организации во градот за да испрати пакети со храна на членовите на семејството во Сараево.
Од 1993 до 1996 година свиреше рекреативно со неколку музичари под името „Забрањено пушење“, но не сними нов материјал. Во 1995 година, тој отпатува за Торонто за да се сретне со Пава од групата Плави оркестар и некои локални музичари. За ова време тој собираше материјал за можен нов албум, но тој не беше сигурен дали ќе го издаде или не , и дали Белградската публика има интерес за овој Сараевски рокер без бендот.
Настан што го натера да мисли дека може да биде релевантен беше концертот на Ташмајдан на 13.09.1996 година. Стадионот беше исполнет со околу 10.000 посетители, а Неле свиреше стари хитови на „Забрањено пушење“ и песни од недовршениот албум. Концертот се претвори во триумфален пречек, па дури и дождот не можеше да ја расипе атмосферата и расположението што го создаде.
Благодарение на неговиот успех со настапот во Белград, групата на Неле ги обиколи Македонија, Босна и Херцеговина и Словенија, а свиреше во Нови Сад, Скопје, Бања Лука и Љубљана.