Група американски пензионери, вљубеници во покерот не обрнале внимание на коронавирусот. Меѓутоа, нивната последна партија на Флорида завршила трагично зашто од нив осум, тројца починале.
Во рок од неколку недели сите осум се заразиле, тројца му подлегнале на вирусот, а синот на една од жртвите вели дека мајка му постојано предупредувала да внимава што прави.
Пријателите од Њујорк се преселиле на Флорида по одењето во пензија, а силно биле поврзани преку покерот.
Преживеаните велат дека еден од учесниците кашлал за време на играта, пренесуваат американските медиуми.
-Тоа е трагедија, вели Хариет Молко, која верувала дека ќе умре за време на хоспитализацијата во болница која траела девет дена.
Молко, чиј сопруг Роналд исто така бил во болница вели дека ова е кошмар кој сака да го заборави зашто сите биле повеќе од пријатели, речиси како семејство, патувале заедно и ги посетувале казината на Флорида.
Ендру Фридман, кој живее во Бруклин, истакнува дека предупредил оти мора да се води сметка за социјалното дистанцирање, односно да престанат со играњето покер додека не помине пандемијата со коронавирусот, но играчите не ја послушале.