Јарака Бејлс од Австралија објави трогателно видео во кое нејзиниот син Квејден панично плаче и повторува дека сака да умре зашто бил малтретиран на училиште поради тоа што е со џуџест раст.
„Јас штотуку го земав син ми од училиште, бев сведок на силеџиство во епизоди, му телефонирав на директорот и сакам луѓето да знаа родители, воспитувачи, наставници – ова е ефектот што го има малтретирањето“, рекла Бејлс во видеото кое се прошири на Фејсбук.
Квејден во видеото спомнува дека сака да умре или некој веднаш да го убие заради непрестајното малтретирање.
„Сакам да умрам, сакам некој веднаш да ме убие. Јас само сакам да одам на училиште и да се забавувам. Што им згрешив, имам само 9. години“, вели меѓу другото Кејден кој првпат, се обидел да се самоубие кога имал само 6 години.
Видеото станало вирално, и било видено повеќе од 5. милиони пати. Квејден дури бил поканет, во знак на поддршка да го предводи домашниот тим на Националната рагби лига овој викенд.
Инаку, актерот Хју Џекман испрати видео-порака до тажното момче, а започната е и акција за собирање на средства со кои Квејден и мајка му ќе отпатуваат во Дизниленд. Иако на почетокот беше планирано да се соберат 10.000 долари, сторијата допре до толку многу луѓе што веќе има над 180.000 долари.
An Aussie mum's strong message about bullying has gone viral and is breaking people's hearts. pic.twitter.com/RBmLUBxtQf
— news.com.au (@newscomauHQ) February 20, 2020