Колку и да ви е добар сексот во врската, секогаш може подобро, нели? Сексот е една од оние работи кои постојано може да се подобруваат. Нема ништо повозбудливо од внесување на разиграност и иновација во сексуалниот живот.
Најдоброто е што за постигнување на нови нивоа на телесни уживања, не мора да правите ништо посебно. За греење на чаршафите потребна е само фантазијата и одважноста. Секако, и советите кои следат нема да ви наштетат.
1. Пред да оди на работа, во актовката ставете му свилен шал со порака во која ќе пишува: „Ова ќе ти треба вечер“.
2. Употребувајте ги усните. Бакнувајте го нежно неколку минути, па турнете го од вас. После кратка пауза, повторно приближете се до него и страсно бакнете го. Повторете го ова неколку пати. Ќе го излуди.
Облечете маичка со благо деколте, а потоа за време на вечерата наведнете се на масата. Ова ќе му ја распали фантазијата.
4. Пред спиење облечете свилена ноќница. Пријдете му и пуштете го да почувствува како свилата му се лизга по телото. Силата ја буди фантазијата. Уживајте и препуштете се.
5. Сендете му во скут кога сте некаде во друштво – на забава, на излет, било каде. Стиснете се до него и незабележително движете го задникот. Нежно, одвај забележливо. Многу бргу ќе се најдете на пат за дома.
6. Ставете му ја „Kama Sutra“ на ноќното масиче до креветот.
7. Покажете му дека сте подготвена за секс, а потоа изглумите дека не може да ве „одвлече“ во кревет. Пуштете го да се помачи и да ве заведе.
8. Направете му незаборавна масажа. Купете малку миризливо масло и превземете ги работите во свои раце. Можете дури и да набавите литература и да научите како најдобро треба да се масира. А можете и едноставно да бидете креативни. Што и да одберете, успехот е загарантиран.
9. Купете си секси танга и парадирајте по дома додека тој гледа телевизија.
10. Заведете го во кујната. Ова е ефект на изненадување, бидејќи тој не очекува дека ќе сте возбудени меѓу сите тави и тенџериња.
11. Придружете му се под тушот. Едноставно, изненадете го, пријдете му од зад грб и допрете го вашето тело до неговото.
12. За време на вечерата побарајте залак од она што тој јаде. Продолжете со меѓусебно хранење. За десерт – спалната соба.
13. Облечете кошула или некоја блуза со многу копчиња. Приредете му стриптиз и соблекувајте се пополека. Откопчувајте се многу бавно и не дозволувајте му да ве допира се додека не се соблечете до крај.
14. Речете му дека ви требаат клучевите од автомобилот, а потоа ставете ја вашата рака во неговиот џеб и барајте ги клучевите, пополека, нежно…
15. Преминете преку своите ставови и согласете се на секс пред огледало. Иако можеби идејата не ви звучи најпривлечно, ќе видите дека и двајцата ќе уживате во еротичниот приказ.
16. Наредете му да легне гол, а вие употребете ги ноктите и лесно преминете со нив преку целото негово тело. Без брзање, дури и ако тој посака нешто друго. Одложувањето на задоволството понекогаш е најдобриот афродизијак.
17. Пуштете го да ве гледа додека се облекувате. Навалете се пополека додека го земате градникот и дајте му да ве види од позади во новиот секси чипкаст долен веш.
18. Иницирајте секс среде ноќ. Немојте да прозборите ништо. Само препуштете се на природните звуци на ноќта – и уживајте.
19. Купете си бела прозирна ноќница. Верувајте, на тоа нема да може да одолее.
20. Додека е сеуште на работното место (како денес), пратете му СМС во кој ќе му најавите секси викенд. Праќајте му кратки пораки кои ќе служат како предигра. Бидете разиграни и палави.