Тренерот на американскиот гимнастичарски тим кој освои златен медал на Олимписките игри во 2012 година, Џон Гедерт изврши самоубиство во четвртокот по локално време, неколку часа откако е обвинет за сексуално злоставување на гимнастичарки во Мичиген.
Телото на Гедерт е пронајдено на паркинг на автопат во близина на Ленсинг, објави полицијата на американската сојузна држава Мичиген.
Инаку, против 63-годишниот Гедерт е покренато обвинение за физичко, вербално и сексуално злоставување на околу 20 млади жени коишто ги тренирал во периодот меѓу 2008 и 2018 година во неговиот клуб Твистарс во билизна Ленсинг. Во истиот клуб работел и терапевтот Лери Насар, поранешен лекар на американскиот женски гимнастичарски тим, кој беше во фокусот на најголемиот сексуален скандал во спортската историја на САД.
Гедерт требало да се појави пред локалниот суд во четвртокот попладнето по локално време.