Персонален фитнес и кондиционен тренер Душан Проковиќ
Постојат неколку универзални, научно прифатени тренажни принципи кои мора да се применуваат доколку сакаме да го извлечеме максимумот од еден тренажен програм. Тоа се принципи кои се применливи и кај почетниците во вежбањето и кај врвните натпреварувачи во спортот. Секако не мора потпуно и во целост да ги примениме тие принципи, но доколку сме сериозни и сакаме резултати тогаш овие фундаментални правила се скриена сила позади вашата способност да го промените вашето ниво на фитнес. Од постоечките општо прифатени принципи јас ќе одвојам некој од нив.
1. Принцип на индивидуални разлики
Овој принцип е јасен, едноставно сите ние сме посебни индивидуи и сите различно реагираме на една тренинг програма. И врз основа тоа треба да се креираат тренинг програмите. Некој од тие индивидуални разлики имаат врска со обликот на телото, кондицијата, генетските карактеристики, повредите па дури и возраста. На пример , опоравокот на жените е поголем од оној на мажите, повозрасните индивидуи им е потребно повеќе време за опоравок од помладите.
2. Принцип на преоптоварување
За да настане преоптеретување потребен е поголем стрес од вообичаеното при вежбање, односно поголем стимул за телото да спроведе адаптација. Што значи доколку сакаме да го подобриме нашето ниво на фитнес, снага и издржливост треба соодветно да го зголемиме обемот на работа. За да може мускулот ( и мускулот на срцето ) да ја зголеми силата мора постепено да се зголемува обемот на работа, оптеретувањето односно да се зголеми нивото на оптеретување од нивото на кое е навикнат. За да се зголеми издржливоста на мускулите мора да работат подолго време од она на што се навикнати или на повисоко ниво на интензитет.
3. Принцип на прогресија
Принципот на прогресија објаснува дека постои оптимално ниво на преоптеретување кое треба да се постигне и време за колку треба да се постигне. Систематско и прецизно зголемување на преоптеретувањето за одреден временски период може значително добро да го подигне нивото на фитнес без да има било каков ризик за повреди. Ако преоптеретувањето оди споро тогаш резултатите се понезабележителни , доколки преоптеретувањето е пребрзо тогаш ризиците од повреди е поголема. Правилната примена на принципот на прогресија исто така стимулира подобар одмор и опоравок. Запомнете, погрешно е да се тренира постојано јако и интензивно , предизвикувате состојба на претренираност која можа да го спушти вашето ниво на фитнес.