Шведскиот актер Долф Лундгрен (65) во интервјуто за подкастот на Греам Бесинџер открил дека веќе осум години се бори со карцином, а кратко откако ја открил болната вистина, бил фотографиран на одмор во Грција. На познатиот актер друштво му правела свршеничката Ема Крокдал (27) и ќерка му, која е на иста возраст со неговата свршеничка.
Се чини дека 65-годишниот актер ужива во животот покрај базен со двете најважни жени во неговиот живот, додека многумина сè уште не можат да сфатат како успеал да заведе 4 децении помлада девојка.
Актерот веќе со години се бори со рак, а младата Ема била покрај него во најтешките мигови.
„Многу го болеше устата, рацете го болеа, не можеше ништо да јаде. Тоа беше тешка борба, губеше килограми. Сфатив дека е многу полошо одошто мислевме, почнаа да зборуваат за тумори на белите дробови, желудникот, ‘рбетот, бубрезите“, раскажала Ема за борбата на актерот против опасната болест.
Инаку, пред да се прослави како Иван Драго во „Роки“, шведскиот актер Долф Лундгрен бил во врска со музичаркатаГрејс Џонс, со која имал неверојатен однос.
Актерот открил непознати детали за врската со уметницата, како и зошто нивната љубов пукнала.
„Се случуваше групен секс одвреме-навреме, да, и со Грејс и без неа. Кога бевме заедно, таа често доведуваше дома некои пријателки. Можеби ги имаше четири или пет максимум. Тоа звучеше како одлична идеја, а честопати и беше, но ако наутро мораш да станеш за да се бориш со Силвестер Сталоне, тогаш тоа и не е толку паметно“, рекол Долф.
Иако целото нејзино друштво тогаш се дрогирало и сите биле на кокаин, него тоа никогаш не го интересирало, бидејќи по цели денови тренирал.
„Тоа беа 1980-тите, кога се дрогираа само богатите луѓе. Тоа не претставуваше закана во друштвото, тоа беа само богати дечки кои се забавуваа. Тогаш, во Њујорк можеше да шмркаш кокаин среде ресторан и никој немаше ни да трепне, вклучувајќи ги и келнерите“, рекол тој.