Пред 10 години Французинката Тилан Блондо имаше само 6 години кога и беше доделена титулата најубава девојка на светот. Денеска таа веќе две години по ред е прогласувана за жена со најубаво лице на светот од страна на култната заедница критичари TC Candler.
Тилан како професионална манекенка учествуваше на Модната недела во Милано и се прошета по пистата за модниот бренд Byblos. Подоцна го објави лансирањето на сопствен моден бренд.
Тилан исто така работи како амбасадор за L’Oréal, како и трговска марка на парфемот на францускиот моден дизајнер Лолита Лемпик. Таа се појави и во Пролетната кампања Dolce & Gabbana за 2017 година.
Инаку, Тилан Блондо има 3,4 милиони следбеници на Инстаграм.