Околу 30 проценти е поголемо ширењето на новата британска мутација на ковид 19, пример ако на дневно ниво имало 500 случаи некаде во јануари сега треба да се зголеми за 30 отсто односно некаде околу 650 нови случаи на ден. Проблемот се појавува со тие 650 кои би заразиле уште 30 посто. Овој тип на вирус има поголема трансмисија, изјави др.Никола Пановски за Канал 5.
Во однос на мерките Пановски вели дека треба да останат на сила веќе донесените, а за да се затегнат потребно е да имаме резервни средства.Кога ќе биде пописот тој препорачува да се одвива надвор.
-Во двор или на тераса, ако се одвива внатре пописот тогаш препорачувам ширум отворени прозори, луѓето нека облечат јакни ништо нема да им стане за половина час, вели Пановски.