Салма Хајек (56) со објава на Инстаграм уште една покажа дека е пресекси и во шестата деценија.
Таа позира во бикини, но не фотка од младоста, туку од сега – најсвежа.
„Среќен национален ден на бикинито! Можете ли да верувате дека бикините постојат веќе 77 години? Да се надеваме дека нема да ги заборавиме“ – напишала актерката, нагласувајќи со хаштаг дека се работи за нејзина најнова фотка.
Инаку, Салма е една од најбогатите жени во светот, со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг Анри Пино, француски милијардер од најбогатото француско семејство. Тие се во брак од 2009 година.