Во Шпанија, еден човек ѝ платил 30 евра на проститутка, а потоа отишол во полициска станица да ја пријави затоа што „не ја завршила платената услуга“. Така, полицијата го казнила со 800 евра затоа што платил за сексуални услуги, соопштија властите.
Кога неименуваниот маж влегол во станицата во Албал – град на 8 километри од Валенсија, да се пожали, полицајците му рекле дека казната е до 800 евра за користење такви услуги. Потоа му била изречена максимална казна, со што тој стана првиот човек казнет поради користење услуга од проститутка на јавно место.
Албал, место со 16.600 жители, стана првиот град во Шпанија во борбата против проституцијата и сексуалната експлоатација. Сѐ почна откако 19-годишната Романка Флорина Гогош исчезна во јануари 2021 година додека давала сексуални услуги. Нејзиното тело било пронајдено во блискиот канал, а потоа бил уапсен 60-годишен маж, локален трговец кој бил осомничен дека ја задавил.
Казната за рекламирање проституција, како делење летоци или пораки на прозорец на паркиран автомобил, е 350 евра. За користење услуги се пропишани казни од 750 до 800 евра.
Градот Албал е најревносен во обидот да ги заштити девојчињата жртви на сексуална експлоатација и трговија со луѓе, па така се создала мрежата од 20 околни општини. Се одржуваат и посебни курсеви за полицајците.