Србин на возраст од 34 години бил уапсен во неделата попладне во Виена, откако побарал враќање на парите во бордел бидејќи, како што рекол, не бил задоволен од услугата, а потоа се заканил дека ќе го запали борделот, пренесува „Клајн цајтунг“.
Според портпаролот на полицијата, Кристофер Верњак, сексуалната работничка ја прекинала услугата околу 16 часот бидејќи човекот бил премногу брутален.
Потоа тој побарал враќање на парите, а кога вработените го одбиле станал уште поагресивен и се заканил дека ќе го запали целиот бордел.
Полицијата пристигнала на местото на настанот и го привела.