Бразилскиот фудбалер Брајан Борхес доживеа навистина незаборавна сцена пред една зграда, кога неговата бремена жена доби болки и мораше веднаш да се породи.
Безбедносните камери на зградата го снимиле моментот кога фудбалерот со сопругата влезе во лифт, а по излегувањето може да се забележи како се обидува да ја однесе во автомобилот, меѓутоа девојката не издржа.
Неколку моменти подоцна двојката ја доби ќерката Сесилија, а пријателите на брачниот пар им помогнаа при породување.