Македонката од Австралија, Маргарита Томовска, позната во австралиската јавност како Мерцедес Maма, откако учествуваше во полициска потера со нејзиното бебе на задното седиште, ги збуни своите фанови на Инстаграм кога откри дека е невработена, пренесува англиски “Сан“.
Следбениците се збунети од тоа што Томовска речиси секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи, покажувајќи го нејзиниот луксузен живот и се фали со скапи автомобили и дизајнерска облека. Кога ја прашале како може да си дозволи таков живот ако не заработува, им го покажала банкарскиот извод на кој има околу 600.000 евра.
https://www.instagram.com/p/B9lC_4jAxDk/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Таа призна дека трошела само за облека околу 5 000 евра неделно и ја финансира нејзиното момче, но истакна дека тој не бил нејзиниот ,,сладок дедо” како што мислат сите.
„Немам потреба да работам“, рече таа.
Дечкото, како што вели, е помладо од неа, но не сака да го открие неговиот идентитет за да не и го грабнат други девојки.
“Девојките се змии и ќе се обидат да бидат со него само за да го имаат мојот живот. Ова ми се случило трипати”, признава таа за британскиот таблоид.
Инаку, Маргарита Томовска помина четири месеци во затвор за учество во споменатата полициска потера во која бегала со 230 км/час на полицијата , додека на задното седиште била нејзината тригодишна ќерка, и откри дека сега пишува книга за своето искуство во ќелијата.