Адам и Даниеле Базби од Хјустон се грижеле дека повеќе нема да можат да имаат деца откако биле наречени неплодни додека се обидувале да ја зачнат ќерка Блејке. Тие поминале низ процес на оплодување, што е слично на третманот со ИВФ. Даниеле останала бремена и го родила девојчето Блејке. Потоа се осмелиле да се обидат повторно. Биле предупредини дека е можна повеќекратна бременост, но тие не ни сонувале дека тоа ќе значи петорки. Шансите за тоа биле 41. милион наспроти еден. Сепак, тоа се случило.
Даниеле била на специјална диета. За време на бременоста, таа конзумирала 4500 калории на ден за да ги обезбеди сите хранливи материи за бебињата. Во 28-та недела, таа со царски рез ги родила девојчињата Хазел, Ава, Паркер, Оливија и Рајли. Сите бебиња биле здрави, но тежеле помалку од еден килограм. Поминале извесно време на интензивна нега, а потоа се вратиле дома.
„Беше исцрпувачки. Ќе имавме 45 минути одмор после хранење, преслекување и чистење, а потоа мораше повторно да ги разбудиме. Се чинеше дека нема крај и едвај чекав да одам на работа”, се сеќава Адам на првите неколку месеци.
Тие менувале 420 пелени неделно и подготвувале 40 шишиња бебешко млеко дневно. Но, најлошото било кога петорките наполниле две години.
„Полни се со енергија, ние постојано бараме начини да ги измориме“, додава Даниеле.
Ова семејство се појави во емисијата Outdaughtered, која се емитува на TLC каналот. Девојчињата сега имаат пет години. Адам одлучил дека не сака да ризикува повеќе, па затоа бил на вазектомија.
„Ова е нашето семејство. Ние сме среќни и комплетни”, заклучила Даниеле.