Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа ќе бидете соочени со некакви ограничувања кои не сте ги очекувале. Можно е да ви се вратат некои стари проблеми.
ЉУБОВ: Ситуацијата во бракот е прилично напната, особено ако вашиот партнер е Овен или го носи тој подзнак.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен стомак.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Можете да очекувате мали застои во текот на деловните преговори, другата страна ќе се обидува да го извлече најдоброто за себе.
ЉУБОВ: Делувате многу ладно во комуникацијата со партнерот, кој веќе е загрижен дали го сакате или не.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте можни се компликации со белите дробови.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Очекувајте стабилизација на полето на финансиите. Ќе имате прилив на пари.
ЉУБОВ: На емотивен план имате бројни прилики за врска, но ниедна не ви се чини како доволно добра.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за исхраната.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Внимавајте да не направите некоја поголема грешка на работа оваа недела. Можно е да имате хроничен пад на концентрацијата.
ЉУБОВ: Сакате да му бидете максимално посветени на партнерот, гладни сте за љубов и прегратки.
ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со физичкото исцрпување, одморете малку.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Размислувате за некој деловен потфат од минатото и се прашувате дали би можеле да го повторите таквиот успех.
ЉУБОВ: Мечтаете за една личност која ви е недостапна од повеќе различни агли. Можна е мала депресија.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Заедно со своите соработници во кои имате доверба ќе успеете да остварите успех на деловен план.
ЉУБОВ: Ќе ви се врати некоја стара љубов, личност со која претходно сте имале некој недовршен или недефиниран однос.
ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете полни со енергија, здравјето ви е одлично.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Тешката атмосфера во работното опкружување доста влијае на вас, па намалена ви е и волјата да се трудите за подобри резултати.
ЉУБОВ: На ова поле се можни бројни промени, ситуацијата не е баш најповолна.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за вашиот имунитет и крвната слика.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Можете да очекувате дека преку појава на некои среќни околности ќе имате можност за напредување или зголемување на заработката.
ЉУБОВ: Можете да очекувате интересна средба која нема да ве остави рамнодушни.
ЗДРАВЈЕ: Можни се појави на тахикардија, поведете сметка за тоа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Неповолна фаза во која можете да очекувате бројни ограничувања и рестрикции од страна на надредените.
ЉУБОВ: Дистанцата која постои меѓу вас и саканото лице се чувствува се повеќе, поправете ја ситуацијата.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот, вкочанетост и напнатост во мускулите.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Доколку сте планирале било каков вид на соработка со странство или патување ова е идеален период. Ќе ви помогне женско лице постаро од вас.
ЉУБОВ: Емотивно сте генерално стабилни, каков и да ви е статусот. Задоволни сте од себе и од партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Редовно контролирајте ја крвната слика, внимавајте на холестеролот.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Можете да очекувате решение на некои важни финансиски прашања, или ќе заштедите некој денар или ќе отплатите некој долг.
ЉУБОВ: Имате проблеми со љубомората на партнерот кој го следи секој ваш чекор и не ви дава простор да дишете, седнете и отворено разговарајте.
ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со цигарите и алкохолот.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Имате многу јасен увид за ситуацијата во која се наоѓате, размислете со ладна глава и не донесувајте непопуларни мерки.
ЉУБОВ: Саканото лице ви е максимално посветено и имате прилика да уживате во заедничките моменти.
ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со бубрезите.