Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Можете да се надевате на значително финансиско подобрување во текот на овој период.
ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува многу добра фаза ако сте слободни, ќе имате бурни промени и авантури.
ЗДРАВЈЕ: Без поголеми проблеми.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Ве очекува генерално поволна фаза за работа но сепак треба да се чувате од преголеми очекувања.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта слободните ќе имаат можност да бираат меѓу повеќе кандидати за врска.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со шеќер во крвта.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Иако се трудите да бидете сконцентрирани на својата работа, тоа нема баш да ви оди од рака, но не се откажувајте.
ЉУБОВ: Пред вас е фаза во која се можни нови љубовни познанства преку пријатели или некое блиско опкружување.
ЗДРАВЈЕ: Можни тешкотии поради пад на имунитетот.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: На деловен план конечно нема да бидете преоптеретени и генерално ќе ви следи мирен период.
ЉУБОВ: На полето за љубов можете да очекувате ново познанство кое некако ќе ве збуни.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за проблемите поврзани за променливиот крвен притисок.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа моменталниот период за вас може да биде малку ризичен.
ЉУБОВ: На полето за љубов имате конфликти со саканото лице и тоа секако нема да ви одговара.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви недостасува енергија.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Поведете сметка доколку сте планирале било какво патување бидејќи немате добри аспекти на тој план.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, постои личност која ви се допаѓа но најверојатно е зафатена.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со главата, очите, замор, пад на концентрација.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Ве очекува прилика да остварите дополнитела заработка ии пак проширување на својата работа доколку сте приватник.
ЉУБОВ: На полето за љубов ќе барате сигурност кај лицето кое ви се допаѓа и емотивно и материјално.
ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете склони на проблеми со хемороиди, хормони, но и со гениталии.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Оваа фаза не е баш најдобра за вас, па препорака е да се повлечете и да не влегувате во деловни ризици.
ЉУБОВ: На полето за љубов ќе забележите мало разочарување и нема да се чувствувате баш добро.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со омалаксаност, низок притисок и пад на имунитетот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Можно е да имате некои сомнежи во врска со работата која ја обавувате или немате доволно доверба во некој од соработниците. Слушајте ја својата интуиција.
ЉУБОВ: На емотивен план нема да постојат промени.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со колената.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Пред вас е фаза во која без оглед на ветената помош поголем дел од работите ќе морате да ги направите сами.
ЉУБОВ: Емотивно сте добар пар со Шкорпија, па со неа ќе имате шанси за почеток на љубовна врска.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеи со нервниот систем.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Пред вас е период во кој нема да бидете задоволни од деловните околности кои не ви одат во корист.
ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекуваат несогласувања со саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грбот, вкочанетост, но и со забите.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Поведете сметка ако имате било какви планови поврзани за странство, можно е некои рбаоти да ви се одложат.
ЉУБОВ: Доколку сте во врска или брак на некој начин ќе ви недостасува вашата слобода.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.