Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Ве очекуваат важни случувања на деловниот план во оваа недела, бидете подготвени да одговорите на секоја ситуација.
ЉУБОВ: Кога станува збор за емоциите можете да сметате на сосема стабилна ситуација.
ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со коските и рбетот.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Доколку соработувате со странство пред вас е многу добар период. Останатите ќе имаат просечна работна недела.
ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекуваат интересни случувања со Стрелец или Риба.
ЗДРАВЈЕ: Можи се мали проблеми со цикулацијата.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Ќе бидете прилично деконцентрирани и ќе ве загрижуваат финансиите. Ова не е толку сјаен период кога станува збор за работата.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација би можела да биде малку комплицирана, особено доколку имате тајна врска.
ЗДРАВЈЕ: Можно воспаление на мочниот меур.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Периодот не е поволен за важни деловни одлуки ниту за големи промени.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ве очекува конфузна ситуација со саканото лице, можно е и дистанцирање.
ЗДРАВЈЕ: Можна појава на алергија.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Прилично ќе бидете оптеретени со деловните обврски кои воопшто нема да ви бидат лесни. Нема да имате желба за работа.
ЉУБОВ: На полето на љубовта ве очекува многу интересна ситуација со личност од минатото.
ЗДРАВЈЕ: Пад на имунитетот и зголемена чувствителност на организмот.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Не ја испробувајте својата среќа оваа недела, работете онака како што ви е кажано.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација е бурна, но доколку не бидете премногу нервозни, ќе пронајдете решение.
ЗДРАВЈЕ: Можни се кардиоваскуларни проблеми.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Можни се мали компликации ако се занимавате со работа поврзана за недвижнини. Можно е некој да ве измами.
ЉУБОВ: Очекувајте интересни ситуации и убава атмосфера.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со стомакот, варењето.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Делувате многу доминантно во комуникацијата со деловните соработници. Внимавајте некој да не ви се налути.
ЉУБОВ: Оваа недела ве очекуваат пријатни и позитивни случувања со личноста која ја сакате.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Ова не е претерано поволен период за финансиите, немојте да ризикувате со парите.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација би можела да се искомплицира доколку сте биле неискрени со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со хормоните.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Не паѓајте под туѓо влијание и не ги слушајте советите на другите. Ова не е поволен период за работа.
ЉУБОВ: Склони сте на бурни реакции и кавги со саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Наскоро ќе добиете многу добра идеја која ќе ви донесе интересни проекти.
ЉУБОВ: Ве очекува убава и пријателска комуникација со лицето кое ви се допаѓа.
ЗДРАВЈЕ: Солидно.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Не е препорачливо премногу да се потпирате на своите соработници. Направете го сами она што е потребно.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација се комплицира поради повратот на една личност, можеби Овен или Јарец.
ЗДРАВЈЕ: Вашиот организам е ослабен, поведете сметка за тоа.