Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Во овој период можна е соработка со странци или некои нови партнери кои ќе ви дадат одлични предлози за бизнис. Соберете ги сите потребни информации.
ЉУБОВ: Според личноста која ви се допаѓа би требало да покажете поголема иницијатива. Доколку сте во брак ќе бидете подготвени на секаков вид на компромис.
ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе добиете понуда на работното место која би можела да ви донесе повеќе пари и напредок во кариерата.
ЉУБОВ: Некоја Водолија ќе се обиде да ви покаже колку и значите. Вие повеќе ќе сакате времето да го поминувате со семејството и пријателите.
ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Потребно е малку повеќе да се залагате за работата. Некако ја запоставувате во последно време, тоа може да ви донесе конфликти.
ЉУБОВ: Партнерот повеќе се интересира за вашиот бизнис успех отколку за романтичните моменти во пар. Искрено разговарајте со него.
ЗДРАВЈЕ: Можни се болки во мускулите.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Некои помлади соработници можат да ви бидат од голема корист, особено доколку работите во медиуми или сте вклучени во некоја тимска работа.
ЉУБОВ: Слободните ќе имаат интересни шанси оваа недела. Оние во брак или врска целото слободно време ќе сакаат да го поминат со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствате.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Очекувате одговор во врска со деловната понуда кој сте му ја дале на некој Бик или некој кој се занимава со трговија. Во текот на оваа недела ќе бидете креативни.
ЉУБОВ: Ако сте слободни ќе запознаете личност која не е премногу подготвена да се ангажира во љубовта, а тоа ќе ве разочара. Оние во врска ќе смислат убаво изненадување за партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од вируси
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Сте поставиле превисоки цели, а немате ниту доволно време ниту енергија за да ги остварите. Обидете се да ја избегнете расправијата со некоја Шкорпија.
ЉУБОВ: Доста добро ја поднесувате ситуацијата во приватниот живот која не ви одговара, а совет е за своите проблеми на никого да не му зборувате.
ЗДРАВЈЕ: Слободното време искористете го за одмор.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Ќе добиете деловни понуди кои на прв поглед изгледаат одлично, но сепак разгледајте ги условите и размислете уште еднаш.
ЉУБОВ: Со упорноста и шармот ќе го постигнете она што го сакате. Оваа недела само ситни проблеми ќе ве измачуваат, бидете релаксирани.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Можен е пад на концентрацијата, затоа внимавајте да не потпишете некој документ што не треба да го потпишете. Поведете малку повеќе сметка за финансиите.
ЉУБОВ: Личноста која сте ја запознале на некое кратко патување едвај чека повторно да ве види, вие не сте ни свесни за тоа. Доколку сте во брак или врска тоа може да ви создаде големи проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Исцрпени сте и уморни. Спијте и одмарајте повеќе.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Би било добро што поскоро да донесете одлука во врска со новата работа со странци или да ги завршите започнатите проекти, особено ако веќе подогло време ви стојат незавршени.
ЉУБОВ: Слободните ќе имаат шанси кај некој во знакот на Риби, оние во врска или брак ќе мораат целосно да му се посветат на партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Некој хроничен проблем кој го имате повторно ќе се активира.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Некој од пријателите ќе ви понуди да започнете заеднички бизнис. Една Вага ќе биде многу упорен, бидејќи ве смета за лице од доверба.
ЉУБОВ: Доколку ви се допаѓа некој кој е далеку, врската може да биде многу комплицирана. Не би требало да избрзувате со одлуките на приватен план.
ЗДРАВЈЕ: Зајакнете го имунитетот.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Вашата иницијатива во текот на овој период ќе има позитивен впечаток кај вашиот надреден. Веројатно ќе добиете некаква финансиска помош од личност на која не сте сметале.
ЉУБОВ: Можете да доживеете романса со некој кој сте го запознале на службено патување. Оние во врска или брак ќе бидат во стабилни односи.
ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Во наредниот период ќе можете да одлучувате за вашиот статус на работа, или ќе морате да се определите за една од двете понудени можности.
ЉУБОВ: Би сакале на партнерот да му пружите повеќе од што можете. Имате силна потреба со некаков подарок да му покажете колку ви е важен.
ЗДРАВЈЕ: Можни се стомачни проблеми.