НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Бикот да не наседнува на провокации, Скорпијата со одлични идеи

by Тони Зографски

 Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Оваа недела можно е да учествувате во бројни скандали на работното место.

ЉУБОВ: Одлична недела за запознавање на нови интересни лица, кои навистина ќе ви се допаднат.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со вените.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Не наседнувајте на провокациите. Одржете позитивна комуникација и енергија.

ЉУБОВ: Тешко ви е да ги искажете своите емоции. Потребна ви е поддршка.

ЗДРАВЈЕ: Можна е мигрена.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Ќе имате огромна поддршка од некое лице во текот на целата недела. Заблагодарете се за тоа.

ЉУБОВ: Оние кои се во врска со некој Јарец оваа недела ќе имаат проблеми, останатите неделата ќе ја поминат мирно.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза и стрес.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Немате доволно време за себе. Најдобро е да земете краток одмор и да се ревитализирате.

ЉУБОВ: Генерално одлична недела за љубов со Шкорпија или друг Рак.

ЗДРАВЈЕ: Чести промени на расположението.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Оваа недела ќе имате одлична соработка со странство. Можете да очекувате значителен паричен приход.

ЉУБОВ: Одлична недела за слободните кои ќе имаат можности за нова љубов и пријателства.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Доколку постојат лица на кои неизмерно им верувате, оваа недела започнете заеднички бизнис со нив.

ЉУБОВ: Одлична недела за искажување на емоциите. Искористете ја на правилен начин.

ЗДРАВЈЕ: Можен висок крвен притисок.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Очекувајте дополнителен приход. Искористете го за стекнување на нови знаења.

ЉУБОВ: Ќе имате интересна средба со некој од знакот на Риба, оние во врска или брак ќе бидат во одлични односи.

ЗДРАВЈЕ: Можен е зголемен замор.

Скорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Ќе имате одлични идеи, кои воедно ќе ги прифати и околината и кои вас ќе ве однесат едно ниво погоре.

ЉУБОВ: Вие сте личност која знае што сака. Од нешто нема да бидете задоволни, па без многу размислување ќе го елиминирате.

ЗДРАВЈЕ: Посетете стоматолог.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Пасивни сте. Доколку не преземете иницијатива, може да имате огромни последици.

ЉУБОВ: Осамени сте, па затоа оваа недела искористете ја да пронајдете убаво друштво.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителен стомак.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Правете онака како што мислите дека е најправилно. Следете ја интуицијата и нема да погрешите.

ЉУБОВ: Тешко ви е да ја покажете својата нежна страна, а на партнерот очајнички му е потребно тоа.

ЗДРАВЈЕ: Одлични, вашиот имунитет ќе биде силен.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Многу поволна недела за бележење на успеси, се што ќе започнете ќе го заврште без мака.

ЉУБОВ: Можен е краток пат со саканото лице. Не мислете само на работата, посветете му време и на љубовниот живот.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грлото.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Можно е оваа недела да бидете неправедно искритикувани. Обидете се да се воздржите од бурни реакции.

ЉУБОВ: Оваа недела ќе имате одличен однос со партнерот. Ќе пронајдете начин да бидете среќни и задволни.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.

останати вести