Eдна од најпознатите пејачки на просторот на поранешна Југославија Неда Украден (70) уште еднаш ја потврди титулата најсекси баба на Балканот.Таа на Инстаграм објави фотографија од снимката на нејзиниот нов спот за песната Бомба, во која таа позира како седи на мотор облечена како во црно кожно одело. Затегната во беспрекорни кожни панталони и кратка кожна јакна, Неда ја покажа и новата фризура со потемна боја и изветвени прамени .
„Бајкер или елегантна жена? Нема дилема. Ова е дел од прекрасните костими за новото видео ,,Бомба”. Премиерата е наскоро“, најави Неда.
Инаку, покрај „бајкерската“, пејачката сподели уште две фотографии во елегантно издание.