Пејачката Неда Украден 10 години беше во брак со режисерот Милан Билбија кој почина пред шест години, а со кого има ќерка. Неда сега реши да ја „отвори душата“ и да раскаже неколку детали од приватниот живот.
На прашањето дали повторно би се омажила, таа вели:
– Ако го немав овој памет сега, можеби. Но, велам, пробав, видов, не одеше, сфатив дека немам што да барам, дека ќе бидам несреќна. На почетокот, сите се полни со разбирање, сите нè сакаат затоа што сме интригантни, од екранот, фини, згодни, привлечни, еротски, невротични. И тогаш започнува реалноста и разоткривањето, па почнуваат да се случуваат драмите, колку си подготвен, внимателен, тактичен, одговорен, совесени колку сте пријател, толку врската функционира, – изјавила Неда и додаде:
– Ако суетата настапи, тогаш ништо не функционира. Станува збор за тоа дали имате сојузник, пријател, партнер или имате некој за кој се докажувате. Класичен судија за прекршок кој ве слуша.