Познатата српска и југословенска актерка Неда Арнериќ синоќа околу 21 часот се обидела да се самоубие во својот стан во Врачар – пренесуваат белградските медиуми.
Нејзиниот брат пријавил бидејќи Неда не одговарала на телефонските повици. До станот бргу пристигнле пожарникари и бравари. Вратата на станот била заклучена и клучот оставен во бравата од внатрешна страна. Кога влегле во станот ја пронашле актерката во безсвесна состојба а околу неа имало лекови. Таа давала знаци на живот и итно е пренесена во болница.
– Неда боледува од тешка болест а пред два месеци почина и нејзиниот сопруг- изјавил комшија за еден српски весник.
Инаку, пред три години Неда Арнериќ падна од тараса од станот на трети спрат и ја повреди половината.